Македонија

Македонската литература на светските саеми на книгата

Македонската литература на светските саеми на книгата

Со поддршка на Министерството за култура годинава македонското книжевно творештво ќе биде претставено на меѓународните саеми на книгата во Франкфурт, Истанбул и на саемот во Гетеборг.

Македонската литература оваа година за првпат ќе биде претставена на Саемот на книгата во Гетеборг, најголемата книжевна смотра во Скандинавија, што ќе се одржи од 25 до 28 септември. Комесар на македонското претставување е издавачката куќа „Македоника литера“.

Со оглед на тоа што ова е прво учевство на Македонија на Саем на книгата во Скандинавија, се очекува претставувањето на нашата држава да привлече големо внимание.

Македонското литературно творештво во изминатите години редовно беше претставено на позначајните меѓународни саеми на книгата во Франкфурт, Софија, Москва, Лајпциг, Париз, Болоња, Тирана, Белград и Истанбул.