Македонската металургија усвоила 80 отсто од европските стандарди

Македонскиот металургиски сектор има усвоено околу 80 отсто од европските стандарди или вкупно 780. Сите поголеми компании, особено извозно ориентираните, работат според барАњата на светскиот пазар, беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора.

Како што истакна професорот Свето Цветковски, претседател на Здружението на металурзи, имплементирањето на стандардите значи поголема конкурентност, сигурен пласман, намалување на загубите и производните трошоци.

– Секоја компанија што работи за извоз мора да ги применува стандардите. Тоа практично гарантира дека производот е квалитетен и ги задоволува барањата на нарачателот, нагласи Цветковски.

Според него, воведувањето на стандардите воопшто не значи поголем трошок.

– Секоја компанија применува стандард