Македонската и молдавската федерација на фармери ќе соработуваат

ффрм

Оттаму информираат дека една од целите на Меморандумот е зголемување на благосостојбата на руралното население и развој на земјоделството во контекст на усогласување на законодавството, подобрување на соработка и трансфер на добри практики меѓу фармерите од Македонија и Молдавија; пренесување на искуства и добри практики меѓу Македонија и Молдавија; зголемено присуство на нашиот агро-производи на во Молдавија и обратно.

– ФФРМ и НФФМ се согласија да се организира конгрес на почетокот на следната година за формирање на платформа на земјоделски организации од Југоисточна Европа и да се испрати порака до ЕУ дека овие земји, исто така, се дел од ЕУ, а не држави каде што голем дел од населението мигрира во европските држави, но, исто така и како земји на кои им треба поддршка од ЕУ за економски развој, особено земјоделството како главна сектор во овој дел од ЕУ, каде што се произведува  храна и да се воспостават добри односи со ЕУ и еден ден да станат членови на семејството на ЕУ, се вели во соопштението од ФФРМ.