Теми,Македонија

ФОТО/ВИДЕО: Македонската политика полна со швалерај

ФОТО/ВИДЕО: Македонската политика полна со швалерај

Љубов, брак, страст, семејство, неверство… не, не се случува само во приватниот живот. Ви ги претставуваме македонските политички швалери, кои или останале само швалери или пак на крајот сепак го растуриле бракот и се ожениле/омажиле со личноста со која го изневериле сопружникот.

Прва швалерска афера во политичкиот живот на Македонија беше онаа на поранешниот претседател, сега веќе починат Киро Глигоров. Имено, во мај 1998 година, во неделникот „Денес“ осамна аферата за љубовната врска меѓу претседателот Глигоров и неговата советничка за култура, актерката Катерина Коцевска.

Од бившите премиери на Македонија, на листата швалери се најде Владо Бучковски, кој во мај 2007 година, кратко по разводот со својата прва сопруга Анета, со која има два сина, се ожени со неговата поранешна блиска соработничка од премиерскиот и од министерскиот Кабинет, Катерина Мукаетова.

FF99F52EB1FDCF4695FD5C2D6FA8E3D0

Но, нема само на претседателско и премиерско ниво љубовни неверства, туку има и во пониските редови кај политичарите во земјава.

Веле Самак, актуелниот министер за странски инвестиции, ја остави својата црномуреста сопруга Роксана, со која има ќерка, и се ожени со некогашната водителка на „Сител бамбини“, Бојана Ацева-Андонова.

500bojana-vele

Од амбасадорите, пак, на листата се најдоа двајца. Првиот – Перо Стојановски, поранешен амбасадор на Македонија во Австралија, кој го пратеа бројни медиусмки скандали во бурната љубовна врска која ја имаше со Лидија Думбалоска.

Вториот на листата е актуелниот амбасадор во Канада, бивш директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Драган Ѓурчески, кој кратко по склучувањето на првиот брак се разведе, за да се ожени со својот шеф на кабинет додека беше на функција во АМС.

И за крај да не го заборавиме амбасадорот во Франција, Агрон Буџаку. Овој функционер на владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ) со години покрај брачниот живот има и вонбрачна заедница со иницијаторката на „Удар“ и актуелна активистка на СДСМ, Мери Николова. Позициско-опозициска швалерска коалиција.

nikolova-budjaku-ljubovnica-centar-01

Бројни се политичарите за кои се слушале или сеуште се слушаат чаршиски муабети за љубовно неверство, но во јавноста тие сеуште не се потврдени, за разлика од изнесените случаи.

Заклучок: Ако сте политичар во Македонија и сте слони кон неверство, барајте да бидете амбасадор, оти според досегашните изскуства во овие кругови тоа е најчесто!