Македонски афористичар во Европската антологија

Познатиот шпански писател, графичар и професор по философија, Фернандо Менендез (Fernando Menendez), во Хихон ја објави „Антологија на европскиот афоризам“. Антологијата е насловена како “Потписи на тишината“(Subtitulos del silencio).

Во оваа антологија, покрај нашиот сатиричар Васил Толевски,  застапени се автори од Шпанија, Италија, Германија, Русија, Франција, Англија, Финска, Полска и Чешка. (Од балканот се застапени великаните Александар Чотриќ, Милан Бештиќ и Александар Баљак).

Ова е уште едно големо признание за Васил Толевски, кој во последните десетина години, во континуитет постигнува врвен квалитет на своите дела. Секако дека ова е големо признание и за македонската сатира, која во последната деценија како да се враќа на сцената.

Неговото последно дело „Библија за неверници“ е отпечатена во Полска а се очекува во идната година да биде отпечатена на бугарски и руски јазик. Во овој момент неговите активности се насочени кон завршување на неговата трета монодрама „Политика-леб без мотика” кога планира да биде поставена на сцените во македонија и Србија, како и неговиот драмски првенец „Наша капа за нивните глави“. Во март 2014 од печат ќе излезе неговата најнова збирка на афоризми „Тито не вика да ни помогне“.