Македонски доктори се бараат за работа во Оман и Бахреин – плата од 4.000 до 7.000 евра

Специјалисти по ортопедија, кардиолози, интернисти, педијатри, лекари за болести од областа на гастроентерологијата, за лапароскопски прегледи, како и специјалисти за итна медицинска помош, анестезиолози, радиолози, стоматолози-ортодонти. Ова се дел од медицинските кадри кои се бараат за работа во реномирани болници во Оман и Бахреин.

Според огласот објавен од Агенциите за вработување од агенцијата за посредување при вработување Asterija World Work , платата која би ја земале македонските доктори за работа во овие две земји се движи од 4.000 до 7.000 евра.

Огласот за овие вработувања е отворен до 24 октомври годинава, а може да се најде на официјалниот сајт вработување.мк. Тој е објавен на 3 октомври годинава.

Компанијата Asterija World Work има лиценца од Министерството за труд и социјална политика на Македонија како агенција која може да посредува во вработувањето не само во земјава туку и во странство.