Македонски државјанин повреден во сообраќајка во Србија

Тешка сообраќајна незгода се случила денеска на магистралниот пат Врање – Владичин Хан во месноста Полом. Несреќата се случила околу 12 часот и 30 минути кога директно се судриле камион со приколка со италијански регистарски таблички и патничко возило, пишува српски „Курир“.

Најверојатно причината за сообраќајната несреќа е недозволено претекнување преку полна линија. Според првичните информации, едно лице е полесно повредено, а три се потешко.

Меѓу потешко повредените е и македонскиот државјанин Адем Д. (44).

Тешко повредениот македонски државјанин бил прво префрлен во болницата во Врање, а поради сериозните повреди потоа е префрлен во нишкиот клинички центар.