Македонски државјанин во Србија го претепал своето петмесечно бебе

Дваесет и седумгодишен македонски државјанин е уапсен во Нови Пазар бидејќи на својот петмесечен син му нанел тешки телесни повреди, јавуваат српски медиуми.

Според информациите од српската полиција, Нуредин Б. и неговата сопруга живеле во село во близина на Тутин. Мајката Нермина Д., пишуваат српските медиуми, го довела бебето во болница со повреди на главата и вратот и на лекарите им рекла дека детето паднало од креветот и се повредило, но подоцна признала дека таткото го тепал бебето.

„Бебето најверојатно долго плачело, што Нуредин го изнервирало. Го удрил повеќе пати и му нанел тешки телесни повреди по главата, лицето и вратот. Мајката дури другиот ден го однела детето на лекар, бидејќи состојбата му се влошила. На докторите им рекла дека детето паднало од корпата. На лекарите тоа им било сомнително бидејќи повредите биле сериозни, па повикале полиција. Дури тогаш мајката го пријавила својот сопруг. Таа рекла дека од страв од мажот сакала да прикрие што се случило“, вели извор на српски „Информер“ од болницата.

Во болницата во Крагујевац на детото му била констатирана и контузија на мозокот. При сослушување насилниот татко негирал дека го тепал сино и тврдел дека бебето од корпата го повлекла постарата сестра.

Нуредни Д., како што наведуваат медиумите во Србија, бил баран од Интерпол поради разбојништво што го извршил во Скопје пред неколку години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.