Македонски филмски проект победник на „Best Pitch Competition 2014“

Филмскиот проект „Незаборавна Пролет во Заборавено Село” од Македонија е победник на „BEST PITCH COMPETITION 2014“, при „PRIFEST“ одржан во Приштина од 25 до 27 месецов.

На овој натпревар учествуваа режисерот и сценарист Куштрим Бектеши, како и продуцентот Сашо Павловски кои ја добија главната награда од жири, сочинето од Чедомир Колар, продуцент номиниран за Оскар со филмот „Пред Дождот“, награден со Оскар за филмот „Ничија Земја“, две награди Берлинскиот Филмски Фестивал, Каен Адлер, меѓународен експерт за финансирање на филмови, Кети де Хаан, експерт од Германија како и Шери Пејџ, продуцент на „Outfest Los Angeles“.
Наградата е сочинета од статуетка, како и финансиска донација од познатата британска актерка Ванеса Редгрејв. Проектот освен одлуката на жирито, едногласно ја освои и поддршката од публиката.

Свеченото доделување на наградата ќе биде на 2 мај.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.