Македонски имигрант во Австралија доби на лото и стана милионер

Македонски имигрант во Австралија стана милионер откако доби на лото премија вредна речиси три милиони австралиски долари.

Четириесет и тригодишниот Кенеди кој не сакал да го обелодени своето презиме, само што се вратил во местото Данденонг, Австралија од посета на своето родно огниште во Македонија, кога решил да пополни неколку лото ливчиња. Не му се верувало кога дознал дека едно од ливчињата му ја носи главната премија.

„Не ми се веруваше, бев во шок, не можев да зборувам“ – изјавил Кенеди.

Кога се освестил ги частел сите во пабот пијачки. Инаку, Кенеди е имигрант од Македонија, кој добивал минимална инвалидска пензија во Австралија откако пред 13 години тешко ја повредил половината.

Новопечениот милионер, првиот ден по добивката го минал поправајќи си ја колата, но најавил дека прво што ќе неправи е да си купи куќа, по што на 18 годишниот син ќе му земел нов автомобил и ќе му даде пари, но и ќе донира во организација за борба против ракот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.