Спорт

Македонски кик-боксер порази светски шампион, ќе се бори за Европско злато

Македонски кик-боксер порази светски шампион, ќе се бори за Европско злато

Третиот ден од Европското првенство донесе радост за Македонија.

Мики Ивановски (-81 килограм) во К1 дисципланата со победа над италијанскиот кик-боксер Валерио Маси, го обезбеди бронзениот медал за Македонија.

Ивановски со одлична техника и физичка подготвеност доминираше над светскиот првак.

Со победата се пласира во битката за финале која ќе се игра денес против Унгарец.

Нашиот втор претставник Александар Димовски, немаше среќа. По здобиената повреда на стапалото во втората рунда, мораше да го прекине натпреварот.