Македонски компании од рударскиот сектор на делегациска посета во Германија

Делегација од Македонски компании од рударскиот сектор од 02 јуни до 05 јуни беше на делагациско патување на тема „Рударство и суровини“ кое се одржа во германската покраина Саксонија. Патувањето беше во организација на Претставништвото на германската стопанска комора во Македонија во соработка со Сојузното Министерство за стопанство и енергија(BMWi) од Германија.

Десет члената делегација од Македонија ја предводеше Рамадан Абдулај, а истата ја сочинуваа претставници од  компаниите Саса, Евромакс, Усје Титан, како и претставник од македонска асоцијација на рударство.

Главна тема на ова делегациско патување беше заштита при работа и заштита на животната средина во рударскиот сектор.

Делегацијата беше во посета на надлежни институции, истражувачки центри, техничкиот унивезитет и академијата за рударство во Фрајберг,  компании кои работат во сферата рударство, заштита при работа и заштита на животната средина,воедно и во посета на рудниците Рајхе Це и Бад Грунд. Целта на ова патување беше да се воспостават деловни контакти помеѓу експерти од споменатата област од Македонија и Германија, размена на искуства и можност за соработка.

Инвестирањето во ефикасни технологии, системи и процеси може да обезбеди еколошки, економски и социолошки поттик за постигнување на „зелен“ развој. Имено, како што земјите во развој го подигаат стандардот на живеење, добиваат поголем удел во светското производство и се вклучуваат во сè поголем број на индустриски гранки, јасно е дека заштитата при работа и заштитата на животната средина во рударскиот секторќе се движи по нагорна линија.