Македонија

„Македонски манифест“: Антимос е фашист во свештеничка облека

„Македонски манифест“: Антимос е фашист во свештеничка облека

Антимос е срам за Грчката православна црква, отпадник од Бога, плукач и погазител на Христовото учење и Неговата жртва. Тој е политички профитер, фашист во свештеничка облека, човек полн омраза заради сопствените фрустрации. Антимос, и покрај тоа што ги знае евангелијата и делата апостолски, најбесрамно, со своите настапи плука по нив, посочи „Македонски манифест“ во своето обраќање до солунскиот митрополит.

„Слушнете соседи, Македонија е Грција, Македонија е грчка!“; „Не грижете се, БЈРМ ќе ја освоиме за 20 минути со 5 авиони и 10 тенка.“; „Не смее на територијата на Грција да се емитува радиопрограма на јазикот на соседната држава со која пости спор за името.“; „Разбудете се Грци, Македонија е Грција, затоа припаѓа само на Грците!“; „Не сакаме името Македонија да постои во името на државата на Скопјаните.“ „Да даде Господ Скопје да не влезе во ЕУ.“ Ќе се запраша човек, дали ова се извадоци од говорите на неофашистите од „Златна зора“ и ќе остане засрамено подзинат кога ќе сфати дека тоа се клетви на еден православен свештеник, солунскиот митрополит Антимос. „Македонски манифест“, веќе подолго време размислува да му испрати писмо како на православен свештеник, како на човек кој дал завет во Христа. Но, што да и се напише на личност која од храм Господов, по повод прославата на Македонците од Овчаране, повикува: „…Јас, со младината и секој друг што сака, со најмалку 40 или 50 автобуси мора да одиме таму, и заедно со нашите браќа во Флорина и Мелити ние ќе го уништиме сето тоа, ќе искршиме стакла и нокти… Не е можно да се заврши работата поинаку“, пишува Македонски манифест.