„Македонски манифест“ до Антонио Тајани: Засрамете се!

 

Во продолжение ви го пренесуваме во целост отвореното писмо на граѓанското здружение „Македоснки манифест“, до Антонио Тајани новиот претседател на Европскиот парламент:

Господине Тајани Ви ја честитаме престижната европска функција, но Македонија и Македонците се целосно разочарани од Вас. Вие кој при посетата кај нас минатата година нѐ ословувавте со нашето изворно име, сега, седнат на врвната фотелја на ЕУ, под притисок на Грците молскавично го изменивте својот став за да тврдите дека Македонија и Македонците се географски, но не и идентитетски поим.

Со тоа господине Тајани и Вие лично дирекно се вклучувате во геноцидната замисла за ликвидација на колективната и историската меморија на цел еден народ – Македонскиот. И од кај сте толку многу упатени во историската наука за да тврдите, ласкајки им понизно на Грците, дека Филип и Александар Македонски се Грци. Сте ги читале ли  за таа цел античките историчари и плус Филипиките на Демостен за да видите колкава била тогаш грчката омраза, како и денес, кон Македонците? Знаете ли дека Македонците во тројанската војна, што била резултат на и денес познатата арогантна военопрофитерска суета, се бореле на страна на Тројанците бранејќи ги заедно со нив правдата, вистината и љубовта?

Зарем не е тоа, поради таквите квалитети на македонската душа, причината и најревносниот Исусов апостол Павле да биде испратен да прповеда во Македонија од каде почна хритијанизацијата на тогаш дивата и паганска Европа.

Ако не сте безбожник, господине, Антонио Тајани, како што е тоа Вашиот Парламент, и ако сте ги читале ,,Дела апостолски,, на апостол Лука сте можеле да видите дека апостол Павле прави ептен јасни разлики на етнички и антрополошки план меѓу Македонците и Грците. И како може, како што тврдите сега, Александар Македонски да биде Грк штом не е именуван Грчки.

Оксеморон на валканата гркоевропска пропаганда, иако некои на Запад и во Холивуд се обидуваат да го сместат него во англиската перфидна варијанта како Александар де Грејт. Зарем навистина сега мислите, господине Антонио Тајани, наоружан со грчка глава,  дека Македонија и Македонците се само географски поим и ништо друго, онака како што мисли и ЕУ са Вашиот Парламент? А знаете ли дека веќе повеќе од едно столетие таа Европа на неколкуте моќни силници се обидува да го уништи македонскиот идентитет и физички и духовно: Версај, Париз, Берлин, Сан Стефано, Букурешт.

На колку само голготи, и сега, таа горделива, арогантна просветителска Европа, која со револуционерен декрет, го укина Бог, нѐ искачувала на гибелни Голготи. Сте чуле ли за нејзиното безмилосно бомбардирање, по наредба на Черчил, еден од европските тотеми, на Македонските деца од Егејска Македонија на Грамос и Вичо? Само еден детаљ од прославениот картезијански европски хуманизам. Рене Декарт сигурно се превртува во гробот со неговото:,,Мислам, значи постојам,,.

Тука ќе ве запрашаме, господине Антонио Тајани, уште дали знаете кој прв ја изнесе темелно идејата за Обединета Европа? Не знаете. Никој не знае во Вашиот славен Парламент. Ќе Ви кажеме. Пред две столетија неа во Фтанцускиот парламент ја образложи големиот Виктор Иго на кого никој од вашата институција, вклучително и Вие, не е достоен да му ги брише ни чевлите. Е, тој, слично на Александар Македонски, беше визионер и космополит, Александар кој, како што велите Вие, ги бранел границите на Европа од варварскиот Исток.

Но, грешите, тој како Вас Истокот не го сметал за варварство туку за висока цивилизација. Веројатно затоа не тргнал на Север во поход на варварска Европа. Тоа. Но зборот беше за Иго. Рековме каков бил тој: визионер, хуманист, космополит, а не како Вас бриселските тесногради и арогантни бирократи, кои им забранувате на Македонците да постојат во она што им е од искона најсвето: соственото Име, идентитет и историска меморија. Такви како што сте Вие нема никогаш да ја реализирате идејата на Иго Обединета Европа, туку истата целосно ќе ја извалкате и уништите неа. Веќем тоа и го правите замислено. Вашиот однос кон Македонија и Македонците имено го потврдува тоа. Вие им должите извинување ним, но за тоа немате ни храброст ни морална доблест.

Да. Но ние Македонците, господине Антонио Тајани, сме должни гласно и јасно да Ви кажеме дека нема да успее Вашиот геноциден план за наша идентитетска ликвидација. Кажете му го тоа и на Вашиот бирократски, лицемерен и гркоцентричен Парламент. Засрамете се ако не угаснала и последната морална искра во Вашата душа, која сепак како Фауст одамна му ја имате продадено на Мефистофел. Бидете поздравени и знајте: Македонците, Ви се допаѓало тоа на Вас и на Грците (како и на било кој друг), секогаш ќе постојат во своето исконско автентично име и идентитет!