„Македонски манифест“: Да бидеме единствени против сите кои работат на разнебитување на македонската држава

Граѓанската иницијатива „Македонски манифест“, упати отворено писмо против уривањето на државноста и националниот интегритет.

„Создавањето и постоењето на „Македонски манифест“ е поврзано со зачувување на македонското име (идентитет) и територијалниот интегритет на македонската држава која веќе 25 години е под силен притисок на надворешни и внатрешни непријатели. „Македонски манифест“ секогаш бил против поставување на партиските интереси над националните и државните, затоа што со нив се прават поделби на македонскиот народ и се урива државноста. Денешната драматична состојба во Република Македонија наликува на таа од пред 2001 година. Иста е и целта. Затоа ги повикуваме граѓаните на Република Македонија да бидат единствени и спремни на силен отпор против сите кои работат на разнебитување на македонската држава. Мора да внимаваме на состојбите во македонските државни институции, но и на однесувањето на политичките партии. Не смееме да попуштиме пред надворешни и внатрешни фактори кои би имале за цел да го загрозат македонскиот државен интегритет и суверенитет.  Истровремено, Македонски манифест ги повикува двете најголеми македонски партии да не си играат со македонските национални интереси затоа што Република Македонија не е нивна приватна сопственост“, се вели во писмото.