среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 54

„Македонски манифест“: Двоглавиот тероризам на Изет Меџити

Македонски манифест е крајно загрижен од нефункционалноста на државата и законот за такви и слични, буквално самоволни терористички акти, кои и понатаму минуваат несанкционирани, а луѓето како Изет Меџити уште повеќе се охрабруваат во рамките на еден отворен политички тероризам.

makedonski-manifest

Поврзани вести

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, лани на диво во туѓа општина (Чучер Сандево) постави седум обележја на загинати терористи на ОНА во Танушевци. Пред некој ден, исто така на диво го подигна и црниот двоглав орел во Топанско Поле, за да ја одбележи 15-годишнината од тероризмот на ОНА во 2001, кој е за него и сличните, ослободителна војна на Албанците, без разлика што своевремено Арбен Џафери отворено рече дека тоа било војна за територии, или, едноставно, за создавање, со помош на НАТО и САД, на Голема Албанија, реагираат од граѓанската иницијатива „Македонски манифест“

Македонски манифест е крајно загрижен од нефункционалноста на државата и законот за такви и слични, буквално самоволни терористички акти, кои и понатаму минуваат несанкционирани, а луѓето како Изет Меџити уште повеќе се охрабруваат во рамките на еден отворен политички тероризам. Па и повеќе од тоа. Тоа го потврдува и неговата изјава за „Дневник“ во која тој пак со една терористичка логика вели дека пред да се урне неговиот двоглав орел треба да се урнат „сите нелегално поставени јарболи со државното знаме во земјата и други споменици“. Ова кажува се, дека за неговата свест е важна само логиката на племето, во случајот неговиот симбол двоглавиот црн орел, кого тој сакајќи на еден крајно примитивен начин да го возвеличи од двоглав орел, го промовира во двоглав мршојад, кој како него мисли дека жртвата е на колена и демне да ја зграпчи и докрајчи. Но се излажал. Постојат редица примери во кои НАТО и САД ги употребуваат своите „пријатели“, а потоа ги напуштаат. Изет Меџити и таквите како него треба да знаат дека македонскиот народ е трпелив и простува, дури и кога „борците“ за (не)човекови права вежбаат со кама писменост и цивилизавија на неговите живи тела. Но тоа е храбар народ, ке се бори и ке се одбрани, се вели во реакцијата.

 

Најчитани вести