Македонски манифест: Џес Бејли да се огласи за претепувањето на Тодор Петров

Македонски манифест е шокиран од крвничкото претепување на Тодор Петров – Претседател на Светскиот Македонски конгрес, иницијатор за поставување на обележјето Крст, во општина Бутел. Македонски манифест напоменува дека на тој фашистички акт му предходеше директно противење на ДУИ да се постави тоа симболно обележеје, кое е обележје и на дел од албанските христијани. Нив ДУИ очигледно не ги смета за Албанци, се вели во отвореното писмо што Македонски манифест го упати до јавноста.

Со тој варварски акт, дали повторно не излегува на сцена албанскиот тероризам од 2001 год.? Тоа е прашање кое не е само до македонските државни институции, туку и до Амриканците, кои ги направија челниците на ДУИ од терористи во борци за човекови права, и ги донесоа директно во Собранието и Владата на Република Македонија. Етничкиот фашизам не е добар за ниту едно општество, па ни за македонската држава. Затоа, Македонски манифест го повикува Американскиот амбасадор, Џес Бејли да се огласи за тој случај. Да каже дали Албанците во Македонија ќе продолжат да бидат од Американците заштитен резерват, за сметка на останатите македонски гаѓани? И дали апсењесто на Едмонд Темелко – Претседател на македонската партија во Албанија, и претепувањето на Тодор Петров – Претседател на Светскиот Македонски конгрес, не е порака за физичко уништување на македонските лидери, велат оттаму.

Од Македонски манифест побараа сторителите на овој гнасен чин, кој, како што велат, е навреда и за сите чесни Албанци, без разлика дали се христијани или муслимани, да се пронајдат и најостро да се казнат. Бидејќи нивниот чин е чин на луѓе со ѕверско, а не со човечко срце.