понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 28

„Македонски Манифест“: Нашите медиуми не можат да бидат орудие на странските гробари

Нашите медиуми не можат, и нема да бидат орудие на странските гробари на Македонија и на нивните партиски измеќари во земјата, велат од „Македонски Манифест“.

manifest

Поврзани вести

По потпишувањето на капитулантскиот Пржински договор, сведоци сме дека секојдневно македонскиот Устав и закони се кршат, хаосот со македонските институции е се поголем, а односите кон македонскиот народ од страна на ЕУ и ОБСЕ е се повулгарен и варварски, се вели во писмото што интелектуалците од граѓанското движење „Македонски манифест“ го упатија до државните институции.

Моментално се турка Закон за медиуми, со цел за одземање на нивната слобода, а преку тоа и слободата на македонските граѓани, правото на нецензурирана информација, ставови и анализи. Таков понижувачки закон не постои во ниту една европска држава, и ултиматиумот за негово прифаќање е еден од бројните докази дека врз Република Македонија се врши разновиден геноцид. Затоа и „таткото“ на Законот, Питер ван Хут, кај кого Дарвиновата еволуција сеуште не завршла, си дозволи да го навреди македонскиот народ дека нема европски менталитет и затоа нема право да има европски закони, како што е на пример досегашниот Закон  за медиуми, кој само пред една година Брисел и ОБСЕ го прогласија за „најлиберален“ во регионот. Денес не само овој закон, туку целиот Македонски Устав, целата македонска држава и македонскиот народ „не чинат“ заради донесената одлука тие да бидат уништени. Љубомората на белгиецот Хут и нему сличните, очигледно поаѓа од фактот дека во времето на прочуениот Светиклиментов македонско – словенски универзитет во Охрид, градот Брисел уште не постоел, а неговото име значи „дом во блато“, велат од „Македонски Манифест“.

Македонски манифест, во писмото, директно бара од Македонските државни институции и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, веднаш да ги прекинат сите разговори, преговори и пазарења за Законот за медиуми и на тој начин да биде спречена тортурата врз македонските новинари, како и навредите и понижувањето на македонскиот народ.

Нашите медиуми не можат, и нема да бидат орудие на странските гробари на Македонија и на нивните партиски измеќари во земјата. Македонски манифест ги охрабрува македонските новинари да ја бранат цврсто својата слобода, која е и наша слобода. Затоа заедно да го спречиме нападот на нашите вредности, кои се на неспоредливо повисоко ниво од моралното и интелектуалното ниво на Ван Хут и сличните на него бриселски бирократи од ванхутизирана Европа, велат од здружението.

Најчитани вести