Македонски манифест: Не за нов договор за убиство на Македонија

 

Откако одлуката на македонскиот претседател Иванов ја спречи подготвеноста на САД и Сорос за граѓанска војна, тие го сменија планот за уништувањето на македонското Име/идентитет на македонската држава да го реализираат во Виена. Надвор од Македонија, кога македонскиот народ веќе покажа  дека ќе го брани Името и државата по секоја цена, САД и нивните сателити од ЕУ сакаат да ни наметнат ,,влада на национално единство“. Таа влада би морала да го ,,надгради“ договорот од Пржино со менување на македонското име и реализирање нова Букурешка поделба, реагираат од граѓанската иницијатива Македонски манифест, во однос на утрешните преговори на четворицата македонски политички лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети, закажани во Виена, заедно со тројцата европратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл.

Македонски манифест повикува да не се потклекнува на какви било уценувачки и антимакедонски договор за нова деструкција на македонскиот суверенитет и идентитет. Да не се прифаќаат никакви антимакедонски проекти наметнати од англо-саксонските политички силници кои сакаат да ја докрајчат Македонија.

Македонски манифест истовремено ги повикува македонските граѓани да бидат подготвени да се борат на живот и смрт за своето Име/идентитет/држава, за своите семејства и својата иднина. Сите мора да знаат дека во моментов во Косово се организират терористи за напад врз македонската држава. Активистите од соросовата фирма ,,Канвас“ во Србија веќе се приклучија кон вандалските напори на опозицијата во рушење на македонското културно наследство. Во амбасадата на САД во Скопје е зголемен американскиот воен контингент.

Со оглед на сето тоа, Македонски манифест ги повикува македонските државни институции и македонскиот народ на засилена активност за спречување на македонските непријатели.