„Македонски манифест“: Пад во варварство

Граѓанската иницијатива „Македонски манифест“ остро го осуди сквернавењето на спомениците за време на протестите. Оттаму велат дека од историското искуство е познато дека најголемиот пад, автодеградација што може да му се случи на човекот е падот од култура во варварство.

Соопштението Ви го пренесуваме интегрално во целост

Платон вели дека човекот е естетско и морално битие, но луѓето кои деновиве вандалски ги сквернават спомениците на културата немаат ни еден од тие два квалитети. Со својот гнасен чин тие се легитимираат како луѓе со примитивна варварска душа. Од историското искуство е познато дека најголемиот пад, автодеградација што може да му се случи на човекот е падот од култура во варварство. Она што го градел духот на културата со столетија, варварите го уриваат за месец-два, а во нашата модерна технолошка епоха е за десетина секунди, како што беше случајот со Хирошима и Нагасаки.

Постојат луѓе кои што се хранат исклучиво со инстиктот на варварството, за да го манифестираат својот идентитет и да заработат евентуално историска слава. Најпознат пример за тоа е Херострат, кој во антиката го урнал и запалил преубавиот храм посветен на Артемида. Историска иронија е дека до денес останува името на градителот на тоа здание, но затоа засекогаш е втиснато во времето името на неговиот уништувач. Се прашуваме дали и Зоран Заев не смата на таковхеростратски подвиг и историска слава. Македонски манифест го повикува него, шчелникот на соросовите фаланги, како и на сличните на нив да ја скротат својата херостратска страст за уривањекај своите нахушкани јуришници на спомениците на културата и културното богатство. Тоа е варварство. Тоа е напад на колективната меморија на нашиот народ, што значи истовремено и напад на неговиот идентитет и Име. Со тоа тие стануваат активни соучесници во реализацијата на геноцидниот план за идентитетско убиство на македонскиот народ заедно со Сорос, Бејли, Гарет и слични на нив силници под чии стапки, кај што ќе поминат, веќе не никне трева.

Константин Кавафи во песната ,,Чекајќи ги варварите,, вели дека ,,варварите се некакво решение,, во дотрајаниот и заморен од цивилизација и култура свет. Но ние деновиве гладаме дека тие не само што не се никакво решение, туку се само примитивна толпа со помрачен ум и деструктивен нагон за уривање. Ништо друго. Тие се црните ангели на танатосот и хаосот, а не на ересот на слободата и демократијата.

Македонски манифест ги повикува сите граѓани на Македонија со човечка свест и доблест да му се спротистават на тоа варварство. Народот има свое право на волја за избори, како врвен израз на слободата и демократијата. Има право да ја отфрли уцената на која било домашна или странска петта колона, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.