„Maкедонски манифест“: Пропагандата за македонската нехуманост кон мигрантите е безобразна лага!

Граѓанското здружение „Македонски манфест“ смета дека Македонија, македонските државни институции и македонскиот народ, треба и понатаму да бидат отворени кон несреќата на мигрантите што тргнале на пат кон богатата и, како што отворено се покажа со оваа криза, егоистична, ксенофобична и расистичка Европа.

 Тоа е планетарна трагедија за која сме свесни, имено во најголема мерка e поттикната директно и индиректно од големите и моќни колонијални и империјални сили на тој Запад, меѓу кои, познато е, водечка улога има САД. Тие го декомпонираат светот, го собираат неговото материјално богатство и ги уништуваат неговиот идентитет, генеза и историска меморија. Барањето Македонија да си го промени Името, влегува во тој концепт на бришење на цели колективни и исконски идентитети, посочуваат од „Македонски манифест“

Тие сметаат дека Македонија ни крива ни должна, секако заедно со Србија, досега е најмногу погодена од бегалската криза, плаќајќи ги на тој начин гревовите на светските модерни варвари скриени под превезот на супериорна цивилизациска раса.

Но, и покрај тоа што останува отворена за несреќните бегалци, давајќи им несебична помош, додека Европа (Унгарија) крева бодликава жица или поставува тенкови вперени кон нив (Бугарија), сведоци сме за негативната пропаганда на некои западни медиуми и личности кон Македонија, осудувајќи ја за божемната грубост и нехуманост кон мигрантите што е безобразна лага.

ЕУ како да заборави дека сиромашната, но хумана Македонија и нејзиниот народ примија 350.000 бегалци од Косово во 1999 година, кои бегаа од нивните НАТО бомбардери. ЕУ би требало да земе пример за хуманост од Македонија, се разбира и САД, а не да го сатинизираат и доведуваат во прашање нејзиниот хуманизам.

Она што е тука, пак, жално тоа е фактот дека и во самата Македонија внатре, некои платенички, петоколонашки сили, мразејки ја патолошки власта, исто така неправедно го клеветат сопствениот народ за нехуманост, прогласувајќи го целиот, во стилот на една хистерична „интелектуалка” за „глуперди и цепаници” или за стока“.

Maкедонскиот манифест смета дека Македонија, македонските државни институции и македонскиот народ, треба и понатаму да бидат отворени кон несреќата на мигрантите што тргнале на пат кон богатата и, како што отворено се покажа со оваа криза, егоистична, ксенофобична и расистичка Европа. САД, главните играчи на планетарната несреќа сега за сега се, пак, само задоволни воајери на целокупната ова трагедија, што е педантно и детално планирана во империјалните лаборатории на Големиот Брат.

Македонски манифест сака да ѝ порача на ЕУ и Големата империја дека Македонија и во оваа планетарна криза, како судир меѓу сиромашните и богатите, покажува дека покрај своето исконско име, по кое посегаат за да го уништат, има и големо хумано срце, кое живо чука во оваа агонична цивилизација во која силите на злото загосподариле над силите на доброто, стои во соопшеието на „Македонски манифест“.