Македонија

Македонски манифест: Вразумете се и одложете ги протестите!

Македонски манифест: Вразумете се и одложете ги протестите!

Само што испративме реакција по повод најавините протести за 17 мај, во медиумите се појави вест дека и владејачката партија на 18 мај ќе организира протест!

Македонски манифест го поддржува демократското право на мирен протест на секој поединец и група. Но, последните застрашувачки случувања во Куманово, во кои од оружјето на терористите загинаа осум македонски бранители, фрла поинакво светло врз најавените собири на опозициската и на владејачката партија. Во овие крајно загрижувачки времиња за македонската држава не смее со ништо да им се одзема вниманието на безбедносните сили кои деноноќно треба да бдеат на браникот на државата.

Македонски манифест повикува на свеста и совеста на политичките партии за опасностите со кои е соочена Република Македонија. Ова е време кога не треба да си ги мерите силите, туку да покажете разбирање и патриотизам кога нашата татковина е пред најава за сериозна дестабилизација. Не велиме дека протестите не треба да се одржат, ама убедени сме дека мора да се одложат за блиската иднина. Важно е во овие две до три недели да станеме сигурни дека последниот пеколен терористички акт е изолиран случај, а не најава за нова војна.