„Македонски Манифест“: За разлика од Ризаов ние немаме резервна Татковина

Граѓанската иницијатива „Македонски манифест“ реагира на колумната „Манифест за одбрана на криминалот “ на Ерол Ризаов. Во писмено соопштение упатено до јавноста од Иницијативата реагираат на текстот.

Интегрален текст од соопштението:

Ерол Ризаов е познат со тоа што колумните, кои ги пишува веќе неколку децении, тие се умрени уште пред да ги замисли. Последна потврда за тоа е интригантскиот текст „Манифест за одбрана на криминалот“, во кој истовремено лаже и клевети. Лаже дека македонското име и идентитет не биле загрозени, а клевети на принципот „Крадецот вика, држете го крадецот!“. Ако Ризаов го читаше весникот во кој се топорчи со својата колумна, ќе го видеше интервјуто на еврокомесарот Јоханес Хан за виенскиот „Стандард“, во кое вели: „Во Скопје ние мора да пристапиме кон решавање на прашањето за името на Македонија, што ќе го направиме“. И потцртува дека договореното од 20-ти јули е во тој правец.

За разлика од Ризаов, ние од „Македонски манифест“ немаме резервна Татковина (иако гледаме дека и во Турција Ердоган расчистува со преварантите) и затоа секогаш сме биле против мешањето на странски држави, амбасадори и шпиунски служби во македонските работи. Република Македонија има Устав кој многу пати беше ревидиран под американски притисок. Охридскиот, Пржинскиот договор минатата година и сегашната спогодба беа директно донесени однадвор на англиски јазик како единствена законска верзија. Институција како СЈО е нелигитимна: прво, затоа што е спротивна на Македонскиот Устав и второ, затоа што има политичка цел за укинуње на судскиот систем. Обидите да се понижуват одлуките на Уставниот суд и законите да бидат да бидат ставени над Уставот е криминален акт за кој укажаме во нашето обраќање до македонскиот народ. Со проектираните закони „Прибе“ се уништуват македонските безбедносни служби, македонската полиција и македонските медиуми. ТОА Е ВИСТИНСКИОТ КРИМИНАЛ ВО МАКЕДОНИЈА ПОТСИЛЕН СО СТОТИНИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ.

„Македонски манифест“ е против тој криминал, против „имплементацијата“ на Охридскиот договор во насока на официјална федерализација на македонската држава, против законот за „свиркачите“ кој дава можност за  шпионирање на македонските државни институции, против обидите македонскиот народ да биде држан во заложништво во име на странски интереси. ОДЛУКИТЕ ШТО ЌЕ СЕ ДОНЕСУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА МОРА ДА БИДАТ НОСЕНИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ГРАГАНИ, А НЕ ВО ВАШИНГТОН, БРИСЕЛ, БЕРЛИН, АТИНА. За тоа ќе се бориме и по цена на својот живот.

Реакцијата на „Македонски манифест“ е по повод колумната на Ерол Ризаов „Манифест во одбрана на криминалот“, објавена во Утрински весник од 26 јули 2016 година. Бараме редакцијата на Утрински весник да го објави нашиот текст согласно член 14 став 3 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.