Македонски медиуми вплеткани во оф-шор мрежите во Панама

Порталите и медиумите што се под капата на СОРОС и на Институтот Отворено Општество добиваат вртоглавави суми секоја година од оваа фондација со цел да дејствуваат директно против демократски избраната влада во земјава. Иронично, но додека ги полнеа нивниот медиумски простор со секакви информации за Панамските документи, премолчуваа дека токму и нивниот добротвор е вмешан во оваа афера.

Останува отворено прашањето дали парите кои стигнале на сметките на овие медиуми во Македонија, се дел од оние кои Џорџ Сорос ги поминал низ своите оф-шор фирми во даночниот рај Панама?

Буџетот на СОРОС секоја година тежи околу 5 милиони евра

Интересен е фактот што заедничко за сите овие македонски медиуми е тоа што се силни поддржувачи на политиките и ставовите на опозициската СДСМ, а лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев токму нив ги оквалификува како „професионални“ и независни.

Новинарскиот труд на новинарите кои Заев ги нарекува професионални  чинел во просек по околу 5 милиони евра годишно. Фондацијата СОРОС Македонија во своите години на делување потрошило околу 100 милиони евра наменети директно за корумпирање на сите општествени сфери.

Според извештајот за последната фискална година СОРОС имала буџет од над 5 милиони и три илјади евра, со тоа што во оваа сума не се опфатени грантовите на други организации како УСАИД што ги добива фондацијата. Така ако на оваа сума се додадат и оние 98 илјади евра од изминатите години се доаѓа до сума од околу 103 милиони евра.

Буџетот на СОРОС секоја година тежи околу 5 милиони евра
Буџетот на СОРОС секоја година тежи околу 5 милиони евра

Најголемиот дел од буџетот на Фондацијата минатата година бил потрошен на ставка помош и донации, околу 3,5 милиони евра. Согласно извештајот Фондацијата СОРОС, иако е непрофитна организација, за реклами, пропаганда и себепромоција потрошила над 30.000 евра.

Според анализите на дел од медиумите, сите овие пари се потрошени и во функција на рушење на демократска избрана влада, креирање на тензии, финансирање на активности на СДСМ и опозициски медиуми, како и финансирање на младински движења за организирање на протести.

„Чланарина“ од 5 милиони евра?

Фондацијата СОРОС…