Македонски медиуми вплеткани во оф-шор мрежите во Панама

 Фондацијата СОРОС Македонија, чиј претседател Владимир Милчин е поранешен член на раководството на СДСМ, во своите години на делување потрошило околу 100 милиони евра наменети директно за корумпирање на сите општествени сфери.

Извештајот што беше објавен во мај минатата година и потпишан од првиот човек на СОРОС Македонија, Владе Милчин, вели дека фондацијата само минатата година располагала со буџет од околу 5 милиони евра.

Според официјалните податоци во периодот од 2014-тата до 2015-тата СОРОС потрошил 5 милиони евра, но, како што пишуваа дел од медиумите, неофицијално оваа сума е многу поголема.

milcin-potpis

Во текот на споменатата фискална година СОРОС Македонија има буџет од 299.531.700 денари или 4.870.414 евра. Најголем дел од приходите, според официјалните податоци се собрани под општа ставка „чланарина“, приходи од податоци за што биле прибрани 4.707.501 евра.

Од тоа, 39.405.507 денари или 640.739 евра се исплатени за плати во СОРОС што е солидна бројка со оглед на тоа дека се работи за невладина и непрофитна организација. Во извештајот на СОРОС не се наведува колку пари се дадени од вкупните приходи за финансирање на медиуми, туку под ставка „помош и давања“  исплатени се 189.785.449 денари или 3.085.942 евра.

Фондацијата СОРОС Македонија, чиј претседател Владимир Милчин е поранешен член на раководството на СДСМ, во своите години на делување потрошило околу 100 милиони евра
Фондацијата СОРОС Македонија, чиј претседател Владимир Милчин е поранешен член на раководството на СДСМ, во своите години на делување потрошило околу 100 милиони евра

Што се однесува до минатата фискална година, односно во периодот од мај 2015-тата до мај 2016-тата,  327.964.687 денари е точниот буџет на организацијата СОРОС кој бил потрошен, а тоа во евра изнесува 5. 332. 759. Во просек се трошеле дневно по 15 илјади евра за рушење на демократски избрана Влада и за подршка на активностите на СДСМ. Во над 20-годишното постоење на СОРОС Македонија буџетите и парите кои се потрошени се околу неверојатни 100 милиони евра.

Со најновиот буџет се трошени пари за лобисти, странски сестрински организации на СОРОС кои имаат задача да пишуваат негативни извештаи за државата, прикажување во негативно светло и организирање на протести.

Во извештајот на СОРОС не се крие дека парите од нивниот буџет биле вложувани во финансирање на некои од опозициските медиуми како он лајн порталите А1 он, Плусинфо, Окно и албанскиот Порталб. Дополнително, во извештајот директно се соопштува дека била направена соработка и биле плаќани странци, блогери и меѓународни организации за да ја оцрнат државата и да ја престават во лошо светло. Во тој контекст во извештајот на СОРОС стои:

Во странство беше зголемена видливоста на случувањата во Македонија со користење на  меѓународните мрежи од граѓански организации, медиуми и/или активисти/блогери,  како  важeн елемент  за  мобилизирање  поддршка  од  меѓународната  заедница  и дипломатскиот  кор,  интернационалните  институции  и асоцијации.

Со ова се објаснуваат негативните извештаи од многу меѓународни организации, написите на блогери од странство, како и мотивираноста на одредени европратеници да ја оцрнуваат државата, анализираат медиумите.

Од каде се финансираат медиумите на СОРОС навистина?

По информациите…

По информациите објавени за матните зделки на Сорос, се јавува сомнеж дека и парите што медиумите за нивното работење ги добиваат од касата на СОРОС најверојатно поминале низ оф-шор сметките на Сорос, а со тоа и самите стануваат вплеткани во мрежата на оф-шор сметките во Панама.

Милијардерот Џорџ Сорос што го финансираше новинарскиот тим што ја откри мега-аферата на даночно затајување попозната како „Панамски Документи“ сега се најде во центарот на истрагата.

Милијардерот Џорџ Сорос што го финансираше новинарскиот тим што ја откри мега-аферата на даночно затајување попозната како „Панамски Документи“ сега се најде во центарот на истрагата.
Милијардерот Џорџ Сорос што го финансираше новинарскиот тим што ја откри мега-аферата на даночно затајување попозната како „Панамски Документи“ сега се најде во центарот на истрагата.

Законите во даночните раеви како Панама, Бермуда и Британските Девствени Острови им овозможуваат на странските компании да кријат пари, недвижен имот и имотна сопственост од регулаторите во земјите каде што компаниите се физички лоцирани.

Порталот Фокс Њуз ја објави деталната анализа за тоа што сокрија истражувачките новинари, како во светот така и во Македонија. Токму овие медиуми на големо пишуваа за Панамските Документи, но го премолчаа името на нивниот финансиер, што во голема мерка е вплеткан во најголемата афера што беше мошне актуелна како во светот така и во Македонија. По ова се поставува прашањето: Дали можеби намерно не го премолчуваа името на Сорос за да не бидат вплеткани во оф-шор мрежите на Панама?

Според она што го откри Фокс Њуз, освен македонските медиуми, пари од СОРОС добивале и новинарите од целиот свет.
Според она што го откри Фокс Њуз, освен македонските медиуми, пари од СОРОС добивале и новинарите од целиот свет.

Според она што го откри Фокс Њуз, освен македонските медиуми, пари од СОРОС добивале и новинарите од целиот свет. Меѓу нив е и Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари ICIJ, на кои само минатата година им биле доделени 1,5 милиони долари. Претходно, уште во 2011-тата истиот портал пишуваше дека голем број звучни новинари и медиумски куќи се поврзуваат со името на Сорос, како Си Ен Ен, Асошиејтед Прес, Вашингтон Пост, Њујорк Тајмс, Ен Би Си, Еј Би Си и уште многу други. Се на се, според Фокс Њуз, името на Сорос се поврзува со околу 30 светски новински организации.

На 9-ти мај беа објавени уште 320.000 офшор сметки за кои се верува дека се протечени од адвокатската канцеларија Мосак Фонсека, а кои покажаа дека токму и Џорџ Сорос е вплеткан во оваа мега афера на даночно затајување.

Во таканаречените Панамски Хартии има материјали што покажуваат дека Сорос, кој оформил низа офшор инвестициски партнерства, меѓу кои и приватно партнерство со Групата Карлајл која се поврзува со инвестиции во производство на оружје преку офшор бизниси.

Според документарниот филм Фаренхајт 911, Групата Карлајл наводно се поврзува со членови на семејството на Бин Ладен од Саудиска Арабија.

Во април…