Македонија

Македонски млечни производи ќе го освојуваат рускиот пазар

Македонски млечни производи ќе го освојуваат рускиот пазар
Македонски млечни производи ќе го освојуваат рускиот пазар

Три македонски компании, Балканска млекара-Скопје, Бучен Којак-Куманово и Здравје Радово со производните единици во Куманово и во Струмица, добја можност да извезуваат млечни производи на пазарот на Руската Федерација и во Евроазиската Царинска Унија, чија што членка е оваа држава, заедно со Казахстан, Белорусија, Киргстан и Ерменија.

Неодамна официјална делегација на руската служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор „Россељхознадзор“, која всушност одлучува дали некоја компанија ќе добие дозвола за извоз во Руската Федерација, посети 15 македонски капацитети од млечната и месната индустрија. Останатите 11 производни капацитети кои не добија зелено светло од руската инспекција, имаат рок од 60 дена да ги надминат укажаните недоследности и забелешки , со цел усогласување со руското законодавство,  и добивање шанса да  пласираат млечни производи во Евроазиската Царинска Унија.

Официјалниот извештај со забелешките, од „Россељхознадзор“,  веќе е проследен до Агенцијата за храна и ветеринарство, која во зададениот рок треба да извршу увид во тоа дали бараните недостатоци се исправени, за да и останатите 11 македонски компании добијат дозвола за извоз во Руската Федерација, појасни извршниот директор на Македонското-руска стопанска комора, Дејан Бешлиев.

Тој, воедно, го најави и Саемот на храна во Москва, „Мир Питание 2015“, каде што ќе се претстават македонски производители на овошје и зеленчук. Веќе се најавени средби со претставници од Москва кои се заинтересирани за соработка, односно увоз на македонски овошје и зеленчук, а ќе биде организиран и еден вид едукативен семинар за македонските извозници со службата „Россељхознадзор“, во врска со  потребните стандарди за гаранцијата и потеклото на производите, нивнта безбедност и квалитет.

Извозот во Русија ќе овозможи економска стабилност на подолги патеки

Извозот во Русија ќе овозможи економска стабилност на подолги патеки
Извозот во Русија ќе овозможи економска стабилност на подолги патеки

За Македонско-руската стопанска комора,  одлуката три македонски компании да може да извезуваат свои производи во Руската федерација е од исклучително значење за зголемување на извозот во овие гранки, зголемувањена на бизнис плановите на овие компании, како и окрупнување на сточниот фонд, кој сега не е на заавидно ниво во земјава.

Колку посочените македонски компаниии ќе ја искорстат оваа голема шанса, која што на долги патеки ќе им озовможи економска стабилност, ќе зависи од нив самите.

Санкциите кон Русија од земјите членки во ЕУ, и отвараат врати на Македонија, со својот капацитет  да задоволи барем дел од рускиот пазар, ако се знае дека како дефицитарни производи во Русија се јвуваат токму автохтоните земјоделскки производи во земјава, виното и млечните производи.

Значајно ќе биде и потпишувањето на Договорот за слободна трговија, за што во моментов постои позитивно исчекување, бидејќи Русија веќе очекува официјално барање од Македонија до Евроазиската царинска унија за спроведување на оваа спогодба.