Колумни

Македонски патриоти, доаѓа вашето време

Македонски патриоти, доаѓа вашето време

Во 1862-1863 година познатиот руски писател Чернишевски ја напиша својата творба “Што да се прави? Роман пишуван во темница“.  Истиот овој наслов ќе го повтори и Ленин во 1902 г. За жал македонската голгота “во темница“ продолжува независно од политичките, социјалните и општествените околности. Независно дали во Македонија владее капитализам, социјализам или “демократска“ транзиција. И независно од варијантите повторувани на прашањето: што да се прави?

Ако не сакаме во споредба со русите безброј пати џабе да си играме со ова прашање потребно е да го ставиме во контекстот на македонските национални и државни интереси. И потоа да дејствуваме во согласност со нив.

1.Од 1991 година до денес состојбата на македонскиот народ и на македонската држава е се покатастрофална. Моментално постојат:

– антидржавна опозиција волицето на партискиот врв на СДСМ

– плашлива владеачка партија ВМРО ДПМНЕ

– безброј ситни партии, кои им даваат имиџ на споменаттите две партии дека се коалиции. За противуслуга бараат од нив бенефиции. Нивната мечта е да има сaмо една изборна единица за да добијат по еден до два пратеници, со кои ќе можат поефектно да тргуваат.

– невладини антидржавни групации на Сорос (официјално 46) како и легални илегалци, кои добиваат пари од странски фондации, амбасади и служби за антимакедонска дејност.

Сите споменати се под контрола на САД и нивните сојузници на ЕУ и НАТО. Вклучително и владејачката ВРМРО ДПМНЕ. Евиденство е дека во Македонија постојат поединци – интелектуалци и јавни кругови но ниедна партија која се спротивтставува на целите на САД да експериментираат и да ја уништат македонската држава. Можеме да додадеме дека американски иструменти се и партиите на македонските албанци и постоечкиот терористички дел од тие партии.

Македонскиот народ денес нема ниедна партија која ги брани во практика неговите интереси и суверенитет. Постои партиска патриотска пропаганда и патриотска медиумска пропаганда, но ниту еден факт на спротивставување на улогата на Македонија на западен протексторат. А желбата на македонските политичари за членство во организации кои сакаат да не уништат идентитески и државно е тежок медицински проблем.

2.Јазот меѓу македонските политичари и македонскиот народ се повеќе се проширува.Доволнио е да се посочи дека на избори не излегува околу четириесет отсто од гласачкото тело.Истовремено вкупната подршка на најпознатите македонски политичари е само триесет и три посто. Со други зборови голем дел од македонските граѓани не прифаќаат ниту една од постоечките политички партии, а две третини од нив- ниту една од познатите политички фаци. Затоа што партиите не работат за народот,туку само за своите членови.На тој начин тие прават партиски поделби меѓу народот. Тие партискиподелби се и практични (се вработуваат партиски членови каде што владеат СДСМ,ВМРО,ДУИ) и медиумски идеолошки. Притоа партиските поделби се на штета на националното ткиво.

Во својата историја раководствата на двете најголеми македонски партии секогаш биле повеќе партиски отколку национално одговорни. ВМРО убивало поединци-интелектуалци кои се спротиствавувале на неговата политика (во голем дел ориентирана кон Бугарија), КПМ истото го правеше во однос на незадоволството од ориентацијата кон Белград. Затоа и во самостојната Република Македонија вмровците почнаа да бараат поткрепа од Софија, а СДС (поранешна КПМ) – од Белград. И едните и другите се изјаснуваат како македончиња, а не како македонци. И новите политички генерации во изминатите дваесет и пет години се исти, дури и полоши. Затоа што се воспитани со комплекси. Кога се враќаат од САД се “американци“, од Германија “германци“ од Англија “англичани“. Во минатото се враќале во Македонија како “бугари, грци или срби“.

Во споредба со своите јаничари македонскиот народ е паметен, но секогаш имал голем проблем со тоа што многу трпи и се бунтува во време на безизлез. Приоритет му е бегството-иселувањето.Тоа е сведоштво за неговото одвараќање од политиката како валкана работа. Само во времето на османлиската Империја има само еден везир македонец во споредба со повеќето од дваесет везири од Србија и БиХ,а  исто така многумина со грчко, бугарско, грузиско потекло. Но,одбивањето на политичката дејнoсот им дава можност за високи функции на македонските партии и држава да бидат неквалитетни, поткупливи, страшливи луѓе, или директно криминалци.

3.Што да се прави? Со една реченица: потребна е алтернатива на целиот досегашен дваесет и петгодишен период на управување, пред да ја изгубиме државата мора да биде сменета содржината на целиот систем. Во македонскиот народ и интелектуален и духовен потенцијал,жива е и желбата за слобода и за самостојност.Голем дел од тој потенцијал е во ВМРО и во СДСМ чии членови се потиснати од партиските ( а во СДС и антидржавни) цели на тамошните функционери.Македонскиот патриотизам не може да биде обоен партиски,етнички,верски.Во спротивен случај немаше на пример да ги имавме Питу Гули и крушевскиот Мечкин Камен. Доаѓа времето на вистинските македонски патриотипатриоти на дело а не на празни зборови и пропаганда.

Од почетокот на деведесеттите години до денес се врши демонтажана на македонскта државност преку менување на Уставот. Се почна со менување на македонските државни симболи, се продолжи (во 2001) со одземање на правото на Македонците на државно-правен народ и со давање можност на соседските земји (преку трансформирање на малцинствата во делови од други народи) да бараат распарчување на Македонија. Со Законот за територијалната поделба практично се оствари федерализација на македонската држава. Денес со договорт од Пржино демонтажата продолжува со хаос во државните институции. Крајна цел е Македонија да не постои дури и какопротекторат, а да биде сосема уништена. За таа цел на помошна терористите од Косово им доаѓаат и тие од Исил, контролирани од САД.

Затоа во прво време морада да ја спречиме брзата демонтажана на македонските државни институции. На второ место да се активираат можностите на македонските безбедносни сили, на полицијата и на војската. За таа цел е потребно итно менување на министерот за одбрана Јолевски, со квалификуван македонски патриот. Истовремено чистење на Владата и премиерските советници од тројанските коњи. Околу треиесет и пет посто од македонските граѓани се спремни да војуваат со оружје за македонската држава.Таа бројка не изгледа голема но во државите од соседтвото е уште помала. Да не заборавиме дека во почетокот на Втората светска војна состојбата на Македонија беше уште пожална, но македонскиот народ го најде патот кон победата.