Македонски професори со бројни објавени научни трудови

Бројот на научни трудови со импакт фактор од страна на македонските професори е на незавидливо ниво. Но, постојат и такви кои треба да послужат како пример, објави Курир.

Првиот од нив е академикот професор д-р Горазд Росоклија. Тој е светски признаен научник во областа на истражувањето на невропатологијата и невроимунологијата. Има објавено 117 научни трудови на Web of Science.

Врвниот уролог и единствен трансплантолог на бубрег, академик проф. д-р Живко Попов исто така одговорно си ја исполнува својата обрска. Тој има објавено 37 научни трудови со импакт фактор на Web of Science.

Така, освен од своите колеги од регионот, македонските професори со нула објавени научни трудови, можат да земат пример и од своите колеги од Македонија.

фото: Курир