Македонски шуми со повик за приклучување на граѓаните во пошумувањето

ЈП „Македонски шуми“ ве повикува да се придружите во есенското пошумување кое започна да се одвива насекаде низ државата. Секоја од 30-те Подружници на нашето Јавно Претпријатие го реализира пошумувањето на шумското земјиште, голините и ерозивните предели според однапред зацртаните годишни планови, кои имаат задача да пошумат преку 1.170 хектари површина со над 5 милиона садници од сопствено производство, се вели во соопштението.

Пошумувањето ќе трае се додека се погодни времеските услови во месеците ноември и декември.

Во соопштението додаваат дека доколку имате желба да се приклучите кон оваа масовна акција на пошумување, како поединец или група, или член на граѓанска организација, јавете се во Подружниците на ЈП Македонски шуми за контакт со одговорното лице за пошумувањето, од кое ќе добиете детални информации за избраните локации, термините и динамиката на пошумување, избор на садници и сите други стручни совети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.