Македонски студенти во посета на НАТО во Белгија

Професори и студенти од Факултетот за безбедност-Скопје и останатите сродни факултети (Институт за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет-Скопје, Воената академија-Скопје, Правниот факултет при УКИМ-Скопје, од Државниот тетовски Универзитет и Универзитетот од Штип) од петте државни Универзитети од Република Македонија се во студиска посета на НАТО во Белгија.

Во текот на денешниот ден, академската група ќе го посети Седиштето на НАТО во Брисел, каде ќе биде одржан брифинг за тековната агенда на НАТО, престојниот самит на НАТО во Лондон, за Западниот Балкан и односите на НАТО со Република Македонија, новите безбедносни закани и предизвици на НАТО, како и активностите на НАТО во мисиите и актуелните кризни региони.

Утре, 17 Јуни 2014 година, групата ќе ја посети Врховната Команда на Алијансата за Европа (SHAPE) во Монс, каде ќе биде брифирана за Врховната Команда и за операциите како и за воената соработка. Се очекува групата професори и студенти од РМ да биде примена во нашата Мисијата при ЕУ, каде ќе се сретнат со претставник од Европската комисија, Марија Тереза ​​Моран од Генералниот директорат за проширување таму ќе се запознаат со процесот на европски интеграции и со можностите за студирање на студентите од Република Македонија во Европската Унија и можноста за користење на стипендии кои ги нудат програмите на ЕУ или нејзините земји членки.

Преку оваа посета студентите ќе им се овозможи да се запознаат со практичното работење на Северноатланската Алијанса, воедно ќе се отвори прашањето во иднина македонските студенти да имаат можност да волонтираат во рамки на телата, органите и мисијата во НАТО во Брисел.

Посетата на група студенти и професори е влог во јакнењето на соработката и дијалогот на Република Македонија и НАТО, како и во афирмирање на младите од Република Македонија во нивните идни напори за зајакната поддршка на интеграцијата на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.