„Македонски шуми“: Ќе се испорачаат сите дрва кои се нарачани

„Македонски шуми“ ги информира граѓаните дека денес се одржал колегиум во проширен состав со директорите и претставници на Владата со цел изнаоѓање на решение за снабдување на огревно дрво на населението.

Склучени се договори за 385.216 метри кубни огревно дрво од кои испорачани се 327.020 метри кубни.

На состанокот е договорено до 1-ви ноември да бидат испорачани уште 26.492 метри кубни огревно дрво, а остатокот до крајот на следниот месец.

На колегиумот е договорено до крајот на годината да се испорачаат уште 10.000 метри кубни на правните лица согласно договорите.

Со ова, од „Македонски шуми“ очекуваат обврските да бидат завршени целосно, а сите следни количини ќе бидат пуштени во продажба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.