Македонски Телеком донираше компјутерска опрема за студентскиот дом „Гоце Делчев“

Македонски Телеком донираше компјутерска опрема за студентскиот дом „Гоце Делчев“ (Државен студентски дом „Скопје“). Опремата од компјутери, ТВ уреди, печатачи и телеком услуги е достапна за сите студенти во читалната во реновираниот блок „Б“.

Основниот мотив на Македонски Телеком за донацијата е поддршката на младите и образованието и унапредувањето на информатичкото општество.Со опремувањето на читалната со компјутери, телевизија и интернет, студентите добиваатсовремено катче за учење, информирање и дружење, изјави Климентина Тунтева Кржаловска, директор на Стратегија и корпоративни комуникации во Македонски Телеком.

Donacija Telekom -SD GDELCEV-3

Донираната опрема е во вредност од над 900 000 денари. Инсталирани се и вмрежени 20 нови десктоп компјутери, два ТВ уреда и два печатачи. Обезбедена е и опрема за безжичен интернет како и пакет услуги на Македонски Телеком: Telekom HotSpot,MaxTV пакети и два телевизиски пакети Max Sport+.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, изрази голема благодарност до Македонски Телеком за целосната поддршка од нивна страна за обезбедување на потребната компјутерска и дигитална опрема, за современата читална за студентите во неодамна реновираниот блок Б.

Donacija Telekom -SD GDELCEV-1

Оваа донација е еден исклучителен гест за почит и потврда за корпоративна општествена одговорност, која се надевам и понатаму ќе биде на високо ниво и преку една коректна соработка на бизнис секторот со нас, како Министерство и Влада, ќе продолжи да дава позитивен придонес во унапредувањето не само на студентскиот стандард, туку и на бројни други сфери и области, рече тој.

Македонски Телеком во насока на својата стратегија за поврзани живот и работа, ги поддржува проектите за поддршка и развој на дигиталното општество и унапредувањето на живототи образованието на младите.