Македонија

Македонски телеком донираше нов софистициран медицински апарат во Клиниката за детски болести

Македонски телеком донираше нов софистициран медицински апарат во Клиниката за детски болести

Денеска, на Клиниката за детски болести во Скопје, Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија донираа софистициран медицински апарат NEUROWERK EEG 36.

Апаратот, прв од ваков вид во Македонија е донација на Одделот за неврологија, при детската клиника и ќе се користи за дијагностика на епилептични жаришта.

„Навистина е прекрасно чувството во овие празнични денови да се подари. Особено кога се подарува на деца.Не сум медицинско лице и не ги знам техничките карактеристики на апаратот што денес го донираме на Одделот за неврологија, нознам дека овој апарат е неопходен за правилно дијагностицирање на епилепсија кај децата, а со тоа и правилно и навремено лекување, што на крајот значително ќе го подобри квалитетот на живот и здравјето на тие деца. А тоа е повеќе од доволно“. – истакна главниот извршен директор на Македонски Телеком – г. Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

MER_3411

„Во нашата амбуланта годишно во просек се прават 2500 ЕЕГ прегледи. Овој апарат е неопходен за точната проценка на локацијата и активноста на епилептичните жаришта, што ќе овозможи соодветно лекување, лекување на нападите и намалување на појавата на нападите.“ – истакна доц. д-р Софијанова и воедно ја изрази големата благодарност во име на целиот персонал и Клиниката за детски болести во Скопје за помошта и поддршката на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.

Медицинскиот апарат Neurowerk EEG е засега прв и единствен во Македонија, кој овозможува долготрајно ЕЕГ снимање и монторинг на пациентите во траење од 24 и 48 часа, за која специфична дијагностичка постапка пациентите наместо да патуваат во странство, отсега ќе можат да се прегледуваат во Клиниката за детски болести во Скопје.

Во рамките на оваа пригода г. АндреасМаиерхофер, главниот извршен директор на Македонски Телеком ги посети сите деца од Клиниката за детски болести и во духот на новогодишната атмосфера им подари новогодишни подароци.