понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 34

Македонски Телеком има најдобра мрежа според граѓаните во Македонија

Истражувањето е направено од агенцијата „Брима“, дел од TNS групацијата и македонски член на GALLUP International, во декември 2016 година.

телеком

Поврзани вести

Според истражувањето на агенцијата „Брима“, спроведено во декември 2016 година, над 67 отсто од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мобилната мрежа на Македонски Телеком е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања.

Резултатот е речиси идентичен и за квалитетот на фиксната мрежа, односно над 63 отсто се изјасниле дека се најзадоволни од квалитетот на фиксната мрежа на Македонски Телеком.

За потребите на истражувањето, „Брима“ спроведе национално репрезентативна теренска анкета, интервјуа со случајно избрани граѓани по утврдена методологија, кои одговараа на прашања поврзани со работењето на телекомуникациските оператори, нивните услуги и производи.

Со години наназад граѓаните ја избираат мрежата на Македонски Телеком за најдобра, а резултатите за 2016 година се дури повисоки во споредба со минатите години.

Македонски Телеком континуирано инвестира во најновите телекомуникациски технологии, и обезбедува најдобро корисничко искуство преку интегрирани и персонализирани услуги.

Најчитани вести