Македонски Телеком ќе додели педесет фудбалски стипендии за талентирани деца

Пред самиот почеток на најголемиот светски фудбалски настан, Македонски Телеком почнува нова кампања со слоган: „Ги поддржуваме ѕвездите на иднината” за поддршка на млади талентирани идни фудбалери.

Телеком ќе обезбеди педесет стипендии за деца од седум до дванаесет години за фудбалската академија на ФК Вардар. Целта на оваа иницијатива е да им се даде поттик на талентираните деца да го остварат својот потенцијал.

На веб-страницата www.footballstars.mk се дадени сите детали за процесот на аплицирање и селекција на најталентираните. За почеток сите заинтересирани треба да снимат видео во кое ќе покажат колку се вешти со топка и тоа во жонглирање, водење топка и завршница со шут на гол. Потоа, од испратените видеа скаутите од Фудбалската амадемија на ФК Вардар ќе селектираат поголем број талентирани играчи кои ќе бидат повикани на голем настан во Скопје. На настанот ќе бидат организирани повеќе фудбалски мечеви каде што младите фудбалери ќе можат во живо да го покажат својот талент. Скаутите на крај ќе одберат 50 најталентирани кои ќе ги добијат стипендиите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.