Македонски Телеком: Над 100 илјади домови покриени со оптика до домот

Македонски Телеком достигна покриеност од над 100 илјади домови со оптичка мрежа на крајот на 2013 година, што е раст од 40 отсто за петнаесет месеци. Овие домови сега имаат можност да ги користат „Optic“ пакетите од Македонски Телеком кои претходно не беа достапни.

Зголемената покриеност е резултат на инвестициите во оваа водечка технологија, со која корисниците можат да добијат нови услуги и интернет со брзина до еден гигабит во секунда, што е до сто пати побрзо од типичен приклучок. Наместо за дваесет минути, како до сега, корисниците сега можат да преземат видео содржина за помалку од една минута.

Во истиот период, бројот на корисници на „Optic“ пакети кои вклучуваат интернет со брзина до еден гигабит во секунда, се зголеми за 98 отсто и достигна 12 илјади на крајот на 2013 година.

Поради големиот интерес на корисниците, Македонски Телеком ја продолжи понудата за „Optic“ пакетите до 31 март 2014. Со понудата, секој нов корисник на „Opti“ пакетите може да проба интернет со голема брзина два месеца без доплата.