Македонски вина и ракии на пазарот на Емиратите

Македонски вина и ракии на Тиквеш, Камник и Стоби од денеска по прв пат, можат да се купат во Обединетите Арапски Емирати, објави МИА.

Ова е прв пласман на овие македонски производи воопшто на Блискиот Исток.

Во прво време ќе можат да се набават во продавницата на ЕуроБалкан – единствена која пласира прехранбени производи и пијалоци од балканските простори на територија на Емиратите. Се предвидува палетата пијалоци наскоро да биде достапна и во угостителските објекти – хотелите и рестораните низ земјата.

 

Прочитајте повеќе:

Македонија ќе може да извезува млеко и месо во Русија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.