Македонски винарии на саем во Чешка

Седум македонски винарии деновиве ќе ги презентираат своите вина на две реномирани саемски манифестации во Чешка- меѓународниот саем за вино и на саемот за гастрономија.

Претставувањето го организира здружението „Вина од Македонија” со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и македонската Амбасада во Прага.

За време на Меѓународниот саем за вино ќе се одржат две дегустации на седум бели и седум црвени македонски вина

На презентациите учествуваат македонските винарски визби Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвин, Камник, Бовин и Попов.

Презентацијата е наменета за професионални увозници, трговци и дистрибутери на вина од Чешка и Словачка.

По настапот на овој саем, Македонските вина ќе бидат претставени и на саемската манифестација Wine&Delicacies Trade Fair, која во наредните денови исто така ќе се одржи во Прага.