понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 20

Македонскиот амбасадор во Атина за грчки медиум: Вие многу добро знаете која земја и зошто не блокира во ЕУ

Ангелов изразува загриженост поради постојаното трупање на бегалци и мигранти веднаш до нашата граница, нагласувајќи дека Македонија и предложила на Грција да не дозволи поставување на нови шатори на граничната линија, сега кога ЕУ донесе одлука за затварање на Балканската рута.

Македонскиот амбасадор во Атина за грчки медиум: Вие многу добро знаете која земја и зошто не блокира во ЕУ

Македонскиот амбасадор во Атина за грчки медиум: Вие многу добро знаете која земја и зошто не блокира во ЕУ

Поврзани вести

Се додека импровизираниот камп во Идомени сеуште е таму, останува опасноста од ново стампедо, како она на 14 ти март, вели македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов во интервју за грчкиот портал „Newsbeast“, јавува дописникот на Нетпрес од Атина. Ангелов изразува загриженост поради постојаното трупање на бегалци и мигранти веднаш до нашата граница, нагласувајќи дека Македонија и предложила на Грција да не дозволи поставување на нови шатори на граничната линија, сега кога ЕУ донесе одлука за затварање на Балканската рута. Амбасадорот нагласува дека Македонија од самиот почеток ја има ситуацијата целосно под контрола и кој и да влезе илегално, ќе биде испратен назад од каде што дошол, односно во Грција, со избегнување на употреба на какви било средства за присилба да го стори тоа.

Мојата земја се соочува со невидена ситуација, не само во обем, туку и законски и практично: примаме масивен, во суштина нелегален проток на државјани на трети земји, кои доаѓаат од територијата на ЕУ (Грција) и кои што тргнале кон други земји-членки на Унијата, преку наша територија. И ние немаме пристап ниту до механизмите на ЕУ за споделување податоци за имиграцијата, ниту до стандардните финансиски инструменти на ЕУ за надоместување на таква криза, ниту пак до заедничките безбедносни (Фронтекс), изјави Ангелов.

На прашањето дали верува дека одлуката на Македонија за „затворање на границите” во Сехово (Идомени), може да има негативни последици врз приклучувањето на земјата во ЕУ, амбасадорот потсетува дека земјата никогаш не реши да ги затвори своите граници, туку наметна одредени ограничувања, кои што претходно ги наметнаа останатите земји кон север. Ангелов нагласува дека доколку не постапевме на овој начин, нашата мала земја со два милиони жители ќе се претвореше во бегалски капм.

За нас ова би бил ризик од повторување на 1999 година. Не заборавајте дека тогаш, Република Македонија прими речиси 400.000 бегалци од Косово, за кои што добивме мала компензација и благодарност, изјави амбасадорот додавајќи дека “без оглед на миграциската криза, нашиот пристап кон ЕУ и онака е блокиран и вие многу добро знаете зошто и од која земја.

Најчитани вести