Македонскиот амбасадор во Москва повикан во руското министерство

Македонскиот амбасадор во Москва, Гоце Карајанов, во петокот како и повеќето европски дипломати во руската престолнина бил повикан во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, каде што бил информиран за мерките што руската страна ќе ги преземе откако Македонија одлучи да протера руски дипломат.

Премиерот Заев во петокот изјави дека се залага за членство во НАТО, но не сака да ги расипе пријателските односи со Москва.

„Ние сме мала земја и не сакаме кавги со Русија“, истакна Заев коментирајки ја вчерашната изјава на амбасадорот Шчербак дека Македонија со зачленување во НАТО би се нашла на линија на огнот и додаде дека рускиот дипломат „беше протеран согласно Виенската конвеција“.

Министерката за одбрана не е изненадена од изјавите на рускиот амбасадор во земјава

„Од Русија во последно време се почесто доагаат пораки кои не се позитивни, но тоа нема да ги промени нашите стратешки одлуки“, вели Шекеринска.

„Изјавите што ги добивме од Русија во последно време не се позитивни, меѓутоа не се ни изненадување, особено по минатогодишниот став дека Русија има одредено мислење за нашите стратешки цели. Ние сакаме да имаме добри односи со Русија и инвестираме во добри односи, но на сите, и на соседите, и на другите држави, им ја повторуваме истата реченица – стратешките одлуки се наши“, рече министерката.

Рускиот дипломат беше протеран од Македонија поради солидарноист со Велика Британија за случајот Скрипал, но и поради шпионски активности, како што изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Одлуката за негово протерување бареше поддржана и од опозицијата.

Москва ги повика амбасадорите на неколку земји членки на ЕУ да ги извести за реципрочни мерки. Во четвртокот Русија објави дека спакувала 60 американски дипломати и го затвора американскиот конзулат во Санкт Петербург, како одговор на затворањето на рускиот конзулат во Сиетл. Претходно во северната руска престолнина беше затворен и генералниот конзулат на Велика Британија.

Министерството за надворешни работи на Русија им врачило протестни ноти на дипломати и најави реципрочни мерки.

Даден е рок од еден месец на Велика Британија да ги намали дипломатите во Русија до нивото на руските дипломати на Островот, исто така е поднесоа протестна нота на британскиот амбасадор поради „провокативните дејствија” на Лондон. Двете земји протеруваат по 23 дипломати. Москва, исто така, ја затвори канцеларијата на Британскиот совет.

Во петокот вкупно се повикани амбасадорите на девет земји членки на ЕУ: Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Латвија, Литванија, Полска, Чешка и Словачка. Медиумите јавуваат дека биле повикани амбасадорите на Велика Британија, Италија, Полска, Холандија, Албанија, Романија, Украина, Чешка, Белгија, Латвија, Литванија, Македонија, Хрватска, Шведска, Данска и Грција.

Според информации на РИА, Русија протера четворица полски дипломати, тројца литвански, еден латвиски, двајца италијански, двајца холандски и военото аташе на Естонија, а тие мора да ја напуштат земјата до 7-ми април. Москва, исто така, го брка шведскиот и финскиот дипломат. Берлин објави дека Русија протерувала четири германски дипломати.

Потоа Министерството, соопшти дека Русија одлучила да протера 18 дипломати од девет држави членки на ЕУ. Во соопштението од Министерството се вели дека Русија ја донесе одлуката за протерување на дипломати од 23 земји, вклучувајќи ги Украина, Германија и Франција. Според агенцијата Reuters, засега 59 дипломати биле протерани.

Москва го задржува правото да одговори на Белгија, Унгарија, Грузија и Црна Гора, кои во последен момент се приклучија на другите земји.

 

Потсетуваме дека Велика Британија ја обвинува Москва дека стои зад труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во англискиот град Солсберската на 4 март. Според Лондон, Русија користела нов хемиски агенс.

Десетици држави и една организација се протерани од повеќе од 150 руски дипломати: САД – 60 дипломати; Велика Британија – 23 дипломати; Украина – 13 дипломати; НАТО – 7 дипломати; Канада – 4 дипломати; Германија, Франција и Полска исто така 4 дипломати; Молдавија, Чешка и Литванија – 3 дипломати; Шпанија, Холандија, Данска, Италија, Албанија и Австралија – 2 дипломати; Белгија, Унгарија, Грузија, Шведска, Хрватска, Романија, Финска, Естонија, Ирска, Норвешка, Македонија, Латвија и Црна Гора – по 1 дипломат.