Македонскиот Фејсбук преплавен со разврат и блуд

Педери, лезбејки, трансвестити, геј заедница се само дел од содржините кои го преплавуваат македонскиот Фејсбук.

Македонците кои имаат зависност од овој тип најчесто се кријат позади лажни профили кои се покриваат со профил фотографија со нагласена сексуална зависност.

„Кралеви и робови, Женкари-Курви, Активи-Пасиви“, „Македонска геј заедница“, „Геј дружење“, „Боки 13 за воџа на гејовите, Кочо оди си слаб си“, „Македонска геј заедница“, „Здружение за жени лезбејки“, „Педофилија“, „Свингери Македонија“ и многу други се фан страните и групите кои можете да ги најдете во изобилие на социјалните мрежи.

pasiv aktiv

slobodni

Очајноста и незадоволноста од сексуалниот живот на македонците на социјалните мрежи се гледа преку неколку фејсбук групи преку кои реалниот живот го заменуваат со виртуелниот, односно наместо некогашното „одење на кафе“ и дружење со луѓето, денеска се заменети со виртуелни понуди единствено кои нудат и бараат сексуални односи.

komentari

Едни од најраспространетите групи кои имаат и по неколку илјади поддржувачи се хомосексуалните групи кои бараат партнери за една ноќ или врска.

Ова е само еден вид на објава како тие меѓусебно ги договараат своите интимни средба:

objava

ponudi1

pon

Во овие групи не изостануваат ни фотографиите со сексуални чинови меѓу двајца, тројца мажи…

Од она што најмногу се нуди на социјалните мрежи се хомосексуалните групи меѓу мажите. Жените пак, кои се „вљубени“ со припадничкиот од истиот пол имаат многу помалку групи, речиси и да ги нема. „Лезбејки.мк“ е една од ретките групи кои можат да се пронајдат на Фејсбук и истата е отворен тип, односно можат да се видат одреден дел од објавите.

lezbejki

lez

Свингерите, исто така, имаат свое место на социјалните мрежи. Групата „Свингери Македонија“ е од затворен тип и доколку не сте нејзин член единствено можете да ја видите листата на членови.

svingeri

Но, очајноста на македонската популација, во поглед на сексуалните услуги не запира тука. Имено, преку една од социјалните мрежи тимот на НетПрес креираше свој профил за да воочиме дали мажите или жените се поголеми сексуални зависници. Истражувањето покажа дека посилниот пол е оној кој е поподготвен дури и да плати за да добие сексуална услуга. Погледнете и самите:

ponudi

poraki

По само 24 часа од постоењето на нашиот профил почетната страница ни изгледа вака:

pocetna nova

Но, дали некој досега помисли како блудот и неморалот влијае на најмладите кои се секојдневно на социјалнните мрежи. Од Првата детска амбасада „Меѓаши“ велат дека социјалните мрежи станаа профитабилен бизнис за детска порнографија, која е иницирана од тоа што децата го гледаат од постарите. Министерството за внатрешни работи, пак, има врзани раце кога станува збор за Фејсбук, бидејќи како што велат оттаму имаат ограничени овласутвања и не можат секогаш да реагираат.

„Меѓаши“: интимната отвореност на децата ги прави лесен плен за педофилите

Децата станаа најранлива корисничка група, која најмногу го користи Интернет, а не ги знае сите опасности што постојат на тој „простор“. Основната карактеристика на овие криминални активности е фактот дека децата повеќепати се жртви на малтретирање. Децата првенствено се малтретираат физички и сексуално, а се малтретретираат и со прикажување разни видеоснимки и слики. Ова малтретирање може да се повторува во недоглед со секоја следна репродукција, а може да се прикажува на неограничен број места по пат на Интернет и другите современи средства за пренос на податоци, велат од Првата детска амбасада „Меѓаши“.

„Интернет често се разбира како општествен простор во кој сѐ дозволено, па дури и прекршување на основните детски права. Тинејџерите треба добро да размислат пред нешто да објават, испратат или блогираат на социјалните мрежи.Малолетниците треба да го постават профилот да биде приватен и одвреме-навреме да проверуваат за да се осигураат дека поставувањата не се променети, треба да ги прегледаат сликите на кои се обележани од своите пријатели и да ги отстранат оние кои се навредливи. Тинејџерите треба да запомнат дека информациите на интернет може да останат засекогаш. Нивните лични информации може да ги видат луѓе кои не ги познаваат, вклучувајќи и педофилите. И што е најважно – децата лесно можат да станат плен на сајбер-насилниците, кои особено ја преплавуваат социјалната мрежа „Фејсбук“. Се’ поголема е осаменоста и отуѓеноста на децата, кои не можат да најдат разбирање и да бидат сослушани од нивните родители, наставници, психолози во училиштата. Поради нивната наивност се’ почесто се одлучуваат да ги споделат своите тајни во виртуелниот свет. Постираат записи, слики, споделуваат дури и сексуални искуства на интернет, со што стануваат жртви не само на нивните врсници кои ги споделуваат ваквите видеа и слики, туку и на возрасни лица и на педофили кои ги врбуваат на мрежите, чекајќи ги своите жртви““, велат од „Меѓаши“.

Facebook-and-Kids-Why-Its-A-Bad-Idea-636x396

Од „Меѓаши“ додаваат дека со развојот на Интернетот и социјалните мрежи се овозможи експанзија на еден од најдоброплатените бизниси, а тоа е детската порнографија.

„Преку појавата на Интернетот се поголем број на деца се изложени на директен или индиректен ризик и опасност, пред се поради нивната детска отвореност, наивност, неискуство и често оставајќи ги своите лични податоци преку регистрирање на многу сајтови, не земајќи предвид што се може да се случи. Многу често млади обидувајќи се да им се допаднат на своите врсници, да остават впечаток на забавни, флексибилни,отворени и слободоумни своите интимни искуства ги споделуваат на социјалните мрежи. Со вакниот начин на меѓуврсничка комуникациија не се ни самите свесни дека можат да станат жртви. Најчести причини за ваквото несоодветно однесување се: немање добра семејна кохезија, недостаток на љубов и внимание, желба по секоја цена да бидат приметени или впечатливи“, додаваат од амбасадата.

На крај „Меѓаши“ велат дека родителите се оние кои имаат клучна улога во помагањето на децата да им обезбедат безбедни и позитивни искуства на интернет. Тие треба да бидат во тек со активностите на нивните тинејџери на интернет. Добро е доколку го постават компјутерот на некое видливо место во домот. Родителите треба да дискутираат со своите деца за тоа кои сајтови се во ред да ги истражуваат, а кои не се и да имаат јасни правила околу активностите на интернет. Ако детето ги користи сајтовите за социјални мрежи, родителите треба да се осигураат дека ги разбира карактеристиките за приватност – како да го уреди профилот да биде приватен и да го ограничи пристапот на информации. Исто родителите треба да го охрабрат детето да ги испита онлајн-пријателите и да ги блокира оние што испраќаат навредливи содржини. Родителите треба да бидат отворени со своето дете за тоа да може слободно да им се обрати доколку нешто го загрижува.

Girls-With-Half-Naked-Girls-On-Facebook_o_97706

МВР може да интервенира само по пријава

Иво Котевски, помошник министерот за внатрешни работи вели дека МВР нема увид во се што се објавува.

„Фејсбук е приватна компанија и ние како Министерство за внатрешни работи немаме увид што се се објавува на социјалните мрежи. Можеме да интервенираме по пријава и да постапуваме во доменот на нашите овластувања. Фејсбук, како компанија, сама реагира на несоодветните појави и тоа го има во условите кои се користат“, вели Котевски.

Дали родителите можат да ги контролираат нивните деца што тие прават на интернет?

Факт е дека родителите не можат во целост да ги контролираат активностите на нивните деца по социјалните мрежи, но можат делумно да ги контролираат и да им укажат на последиците кои можат да настанат доколку станат „фан“ на некоја од овие страни.

Родителите потребно е да ги знаат лозинките на профилите на нивните деца и да проверуваат што тие прават додека се интернет, како и да не им дозволуваат да ги користат социјалните мрежи без надзор од нивна страна.

„Моето дете можам делумно да го контролирам што прави на социјалните мрежи. Факт е дека денеска е малку потешко да се има целосна контрола со оглед на тоа дека децата имаат паметни телефони преку кои цело време се конектирани на интернет“, вели Весна, мајка на 9 годишен син.

„Кога детето е дома и е приклучено од компјутер полесно се контролира што прегледува и што се му се појаува на неговиот профил на фејсбук. Но, кога не е е малку потешко. Практикувам децата кога се пред компјутер да бидат под мој или надзор на сопругот, но колку е тоа успешно ни самите не знаеме“, вели Марија, мајка на 11 годишно девојче.

„Не може да се има целосна контрола. Важни се домашната култура и воспитување. Сметам дека децата не треба да имаат профили на Фејсбук и на тој начин ќе бидат децата повеќе заштитени. Моето дете нема профил, едноставно јас тоа не го дозволувам“, вели Светлана, мајка на 8 годишен син.

Дали денеска проверивте што вашите деца гледаат на Фејсбук?