Македонскиот хакер „Девица“ обвинет за криминал од 50 милиони евра

Тој е познат под прекарот “Девица” и е член на голема меѓународна сајбер криминална група која е разбиена во 2012 година а уапсен е во јули минатата година во Албанија додека се обидувал да се префрли во Косово, објавува МИА.

Станува збор за Јордан Георгиевски (41) кој вчера бил изведен пред Федералниот суд во Лас Вегас каде пред судијата Џорџ Фоли се изјаснил како невин и ги отфрлил сите обвинувања против него. Во својата одбрана навел дека тој работи како професор и дека единствената цел на неговиот престој во САД била да магистрира и професионално да се усоврши.

Според американската телевизија “Фокс Њуз”, Георгиевски во обвинителниот акт се товари дека е член на меѓународната криминална организација “Кардер” чија примарна дејност била кражби на идентитети и пин кодови и продажба на фалсификувани кредитни картички. Георгиевски се товари за заговор и за рекет и според американските закни тој може да добие максимална затворска казна од 40 години.

Според директорот на американската агенција за емиграција и царина “ИЦЕ”, Сара Салдана, Георгиевски е еден од најопасните членови на оваа група кој успеал две години да бега и да се крие на повеќе локации низ светот а бил уапсен во јули минатата година во Албанија, додека се обидувал да ја напушти државата и да влезе во Косово. Неговото апсење било резултат на меѓународната потерница распишана од Интерпол на барање на властите на САД а во акцијата учестувале и албанската и австриската полиција.

Screenshot_2

Следното рочиште ќе се одржи во април кога Георгиевски ќе се појави на обвинтелната клупа заедно со уште еден обвинет Андреј Болован а дотрогаш останува во притвор.

Според обвинителот Кимберли Фрејн, досега се фатени и осудени 30 од 55 осомничени членови на групата “Кардер” кои успеале да се збогатат за над 50 милиони американски долари крадејќи идентитети и продавајќи фалсификувани кртедитни картички. Станува збор за хакери од десетина земји во светот кои се осудени на казни затвор и до 20 години.

За сериозноста на оваа меѓународна сајбер криминална група сведочи и фактот што операцијата за нивното разбивање “Опен Маркет” (Отворен пазар) почнала во 2007 година, во истрагата учествувале неколку американски агенции а првите апсења биле во 2012 година.