Македонскиот и бугарскиот Црвен крст со проект за безбедноста на вода и обезбедување на водните површини

Црвениот крст на Република Македонија во соработка со бугарскиот  Црвен крст имплементира заеднички проект „Зголемување на капацитетите на Црвен крст на  Република Македонија во организација на работата во областа на безбедноста на вода, обезбедување на водните површини и подобрување на нормативните акти во Република Македонија”, кој финансиски е подржан од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.

Како финален дел од проектот, Црвениот крст на Република Македонија денеска во просториите на Скопски саем-сала дипломатик организираше Панел – дискусија за безбедноста и спасувањето на вода во Република Македонија.

Панел–дискусијата за безбедност и спасување на вода во Република Македонија  ја отвори Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити.

На самиот настан учество земаат претставници од Минстерство за транспорт и врски, Министерство за внатрешни работи,претставник од Бугарската амбасада, ЦУК, Дирекција за заштита и спасување, Општинте Охрид, Струга, Велес, Бугарски Црвен крст и претставници од други институции.