Македонскиот јазик е еден и единствен и не е дијалект на бугарскиот

Грците видоа провокација во мапата изработена од бугарскиот официјален институт. Ова не е првпат од бугарски лингвисти да се пропагира една идеа за комплексност на бугарскиот јазик, а вклучувајќи ги и македонските дијалекти како дел од бугарскиот јазик, пишува Канал 5.

Македонскиот дијасистем е еден и единствен и не може врз основа на политички поделби да се прават вакви научни искривувања на вистината.

Факт е дека македонската јазична територија е една и единствена а тоа го потврдуваат и македонските дијалекти, односно дијалектолозите кои се обидуваат преку своите теренски истражувања спроведени на лице место, да утврдат дека навистина постојат македонски дијалекти и надвор од границите на денешна Република Македонија.

Тоа се дијалектите во Пиринсиот дел и во Егејскиот дел на Македонија а за тоа може да се најде потврда преку илјадници научни и стручни истражувања.