Македонскиот народ не сака партија која порачува „Куманово пак да се случи“

партија

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите сопартијци имаат уште само четири дена да се соочат со неизбежниот факт дека народот никогаш нема да застане зад некој што тргува со највисоките национални интереси. СДСМ има уште четири дена да се помири со поразот и со сознанието дека македонскиот народ никогаш нема да застане зад партија која на полициските службеници им посакува погибија и им порачува „Куманово пак да се случи“.

Аболицираниот Зоран Заев е човекот што пред целата јавност се закани „живи луѓе има да јадеме“. Аболицираниот Зоран Заев е политичарот што ја обвини Република Македонија дека таа е виновна за спорот со името и за останатите отворени прашања со нашите соседи. Аболицираниот Зоран Заев е првиот политичар кој јавно ветува излегување од рамките на Охридскиот договор, промена на Уставот, воведување двојазичност и кантонизација.

Кога СДСМ се повикува на Гоце Делчев е врв на политичкото лицемерие од партијата која што ги демолираше културно – историските обележја. Тоа е показател дека аболицираниот Зоран Заев и неговите послушници знаат дека народот ги цени спомен обележјата на илинденците, асномците, протераните македонци од Егејска Македонија и сите оние кои со помош на вандалите финансирани од Сорос ги сквернавеа изминативе години. Политичкото лицемерие е показател дека СДСМ е свесен дека на 11-ти декември ќе доживее жесток пораз и казна за деструктивната политика изминативе две години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.