Македонскиот народ во одбрана на јазикот (ВИДЕО)

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ која секојдневно организира протести за зачувањето на унитарноста  на Република Македонија, денеска на нејзината фејсбук страницата објави видео од протестните собири кои веќе неколку дена се случуваат во Скопје, но и во други градови низ земјава.

Главно мото на протестите е  „Ја надминавме црвената линија, но црвено-жолтата не“, алудирајќи дека целта на овој протест е да се зачуваат државните интереси на Македонија.

Како главна поента под видеото стои текстот „После изгубената битка или изгубената војна, останува народот. После изгубениот јазик, нема народ“.

Протести се најавени и за денеска, со почеток во 17 часот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.