Во просториите на Македонскиот олимписки комитет, се одржа официјална средба на која присуствуваа претседателите на Македонската и на Турската Кикбоксинг Федерација, Александра Неделковска и Салим Кајиџи, селекторот на македонската кикбоксинг репрезентација Дејан Митровски како и претставниците на МОК, генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски и спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски.
Како што соопштуваат од МОК, Салим Кајиџи ги пренел до МОК поздравите од претседателот на Турскиот олимписки комитет и ја истакнал извонредната соработка помеѓу двата братски олимписки комитети.
Во оваа прилика претставниците од МОК ја истакнаа поддршката која несебично ја дават во насока на поддршка на кикбоксингот да се најде на листата на Олимписки спортови во 2024 година, но и поддршката која МОК ја дава на градот Истанбул, во неговиот шестти обид, да стане домаќин на Олимписките игри. За истакнување е и донацијата која претседателот на Македонската Кикбоксинг Федерација, Александра Неделковска ја обезбеди преку своите турски пријатели, а на крајот на оваа средба, беше потпишан и договор за соработка меѓу Македонската и Турската Кикбоксинг Федерација.