Македонскиот планинар Ѓорѓи Петков почина на Монт Еверест

Доктор Ѓорѓи Петков починал од срцев удар додека се обидувал да се искачи на највисокиот врв на светот  Монт Еверест.  Петков починал на висина од 7 200 метри. Веста ја потврдија хималајските водачи од Непал кој го организирале патувањето.

Тој бил на последниот трет камп и се подготвувал за  финалното искачување до врвот на планината. Петков беше дел од експедицијата предводена од британскиот планинар. “Во тек се напори за спуштање на неговото тело во долниот логор”, изјавил водачот на тимот.

Петков беше долгогодишен член на Планинарското друштво „Кожуф”. Тој беше лекар во Општата болница во Гевгелија и во изминатите десетина години се имаше искачено на сите највисоки врвови Елбрус,  Килиманџаро, Аконгаква, Арарат.

Кон остварување на својот сон, алпинистот тргна на 24 март како дел од меѓународна експедиција предводена од англичанецот Тим Моусдејл, кој неколкупати се имал искачено на Монт Еверест.

Досега на Монт Еверест висок 8 848 метри се искачија четворица Македонци, Димитар Илиевски-Мурато кој почина при симнување од планината, доктор Сашко Кедев , Здравко Дејановиќ и Илина Арсова.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.