20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Македонскиот претседател не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Македонија  

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, најостро ги демантира лагите изнесени од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, дека претседателот Иванов ќе го поддржи Договорот со Грција.

Од Кабинетот на Иванов соопштуваат дека премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската, туку и грчката и меѓународната јавност.

Членството на Република Македонија во Европската унија и НАТО, не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ. Македонскиот претседател не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија. Ставот на претседателот Иванов е непроменет и нема да го поколебаат никакви притисоци, уцени и заканi.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.