Магазин

Македонскиот симфониски оркестар „Фејмс“ ја сними музиката за анимираниот светскиот мега хит „The nut job“

Македонскиот симфониски оркестар „Фејмс“ ја сними музиката за анимираниот светскиот мега хит „The nut job“

Македонскиот симфониски оркестар Фејмс кој повеќе од седум години успешно работи во студиото М1 во рамките на МРТВ, успешно ја сними музиката за актуелниот анимиран мега хит „The nut job“. Филмот ја имаше својата премиера на 17ти јануари и се искачи на третата позиција на американскиот бокс-офис со што ова се смета за најголем успех на независен анимиран филм некогаш направен.

„Беше навистина голем предизвик за оркестарот да се сними музичката подлога за оваа анимирана приказна која во моментов бележи огромен успех. Станува збор за 65 минутна многу комплексна симфониска музика која се снимаше во МРТВ, во студиото М1 минатиот септември. Беше интересно што режисерот на филмот и композиторот на музиката дојдоа специјално по повод снимањето и не придружуваа цела недела. Целиот оркестар, диригентот и техничкиот тим беа одлично фокусирани, па така како резултат на целата работа добивме врвни резултати“, изјави Од Насије Мопа, генрален менаџер на симфонискиот оркестар Фејмс.

Дејствието на оваа анимирана приказна е сместено во градот Оактаун и ги прати авантурите на верверичката Сурли, кој заедно со неговите пријатели планира да ја ограби локалната продавница.
Гласовите ги позајмуваат Лиам Нисон, Катерин Хигл, Вил Арнет и Брендар Фрејзер. Режијата е на Питер Лепениотис, додека сценариото го напишаа Лорна Камерон и Даниел Ву.